Рудникот "Бучим" и останатите македонски рудници минатиот месец реализирале рекорден ископ од 950 илјади тони на руда. Според Николајчо Николов од менаџерскиот тим на "Бучим" и претседател на Македонската асоцијација на рударство, токму најголемиот македонски рудник за бакар и злато е еден од лидерите во земјава. Зголемениот ископ е резултат на зголемената цена на металите на светскиот пазар, рече Николов на вчерашниот состанок на Асоцијацијата, на којашто укажа дека неодамнешните презентирани податоци за пад во индустриското производство во земјава не го засегаат рударството. Економската криза негативно се одрази врз процесот на производството на руди, но за среќа успеавме брзо да ја надминеме. За него позитивен момент беа и поволните хидрометеоролошки услови поради кои имаше пад во цената на електричната енергија која е важен фактор во цената на чинење. Според информациите на Николов лани цената на енергијата падна за 30 до 40 отсто, што придонесе за подобри економски услови за работа во рудниците. Позитивни ефекти врз рударството имаше и стабилизацијата на цената на нафтата.
Рудникот "Бучим" и останатите македонски рудници минатиот месец реализирале рекорден ископ од 950 илјади тони на руда.
Според Николајчо Николов од менаџерскиот тим на "Бучим" и претседател на Македонската асоцијација на рударство, токму најголемиот македонски рудник за бакар и злато е еден од лидерите во земјава.
- Зголемениот ископ е резултат на зголемената цена на металите на светскиот пазар, рече Николов на вчерашниот состанок на Асоцијацијата, на којашто укажа дека неодамнешните презентирани податоци за пад во индустриското производство во земјава не го засегаат рударството.
- Економската криза негативно се одрази врз процесот на производството на руди, но за среќа успеавме брзо да ја надминеме - потенцираше Николов. За него позитивен момент беа и поволните хидрометеоролошки услови поради кои имаше пад во цената на електричната енергија која е важен фактор во цената на чинење.
Според информациите на Николов лани цената на енергијата падна за 30 до 40 отсто, што придонесе за подобри економски услови за работа во рудниците. Позитивни ефекти врз рударството имаше и стабилизацијата на цената на нафтата.
Престставниците на македонскиот рударски сектор вчера повторно побараа од Министерството за економија поквалитетно да ги доделува концесиите и да ги прошири концесиските простори.
- Имаме податоци за злоупотреба и работа надвор од концесиските дозволи, при што Министерството за економија и инспекторите мораат да преземат нешто против неконтролираниот ископ - потенцираат рударите.
И првиот човек на рудниците САСА, Максим Прохоров, потврди дека во моментов тенденциите во македонското рударство се добри. Според него со измената на Законот за минерални суровини е добиена можност за развој на рударството и доделување на концесии за биолошки истражувања и ископувања.